Соопштение за јавност на СДСМ
Излагањето на вториот човек на Мицкоски во Владата, Игор Јанушев, во емисија на ТВ Канал 5 којашто се емитуваше вчера, дополнително ги зголеми сомнежите за потеклото на имотот вреден 320.000 евра.
Сакајќи да се оправда, Јанушев рече дека неговиот родител, кој му го подарил скапоцениот имот бил инженер во Топилница Влес и познат фудбалер, алудирајќи дека наводно така ги заштедил парите за зградата.
Инженер во Топилница заштедил 320.000 евра а Топилница е во стечај 20 години?
Познат фудбалер бил, да не играл за Манчестер Јунајтед па вртел милиони?
Дали ова Јанушев си игра мајтап со народот или веќе го загубил осетот со реалноста?
Ваквите изјави на Јанушев ги потврдуваат сите сомнежи.
Уште еднаш ги повикуваме Јавното обвинителство и ДКСК да постапат и да го истражат целиот случај со имотот на Јанушев.
Како Јанушев дошол до 320.00 евра имот, од каде се парите?
Особено што тој беше осуден за криминална набавка со кинеските автобуси на ЈСП, случај тежок неверојатни 5 милиони евра.