Панче тошковски

СДСМ: Тошковски да поднесе оставка, партизираното МВР не ги штити животите на луѓето

Соопштение за јавност на СДСМ

Последниот случај со фемицид во Велес покажа целосна неспособност на власта да обезбеди заштита на најважното –  човечкиот живот.

За сите пропусти на институциите, мора да има политичка и кривична одговорност.

Министерот Панче Тошковски мора веднаш да поднесе оставка затоа што се покажа неспособен да ја гарантира сигурноста и безбедноста на граѓаните, особено на жените и децата.

Наместо институција која треба да заштити човечки животи, Тошковски го претвори МВР во партиски сервис кој ги штити интересите на власта и бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ.

Скандалозните измени на Закон за полиција и Закон за внатрешни работи кои ги направи Тошковски го уништија МВР, ги истиснаа професионалците и го претворија во партиски инструмент. Со тоа се изврши директен удар врз функционирањето на најважниот дел од безбедниот систем, а последиците граѓаните ги чувствуваат секој ден.

Додека МВР се водат како партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе живеат во страв.

После сите случаи на фемициди, еколошки катастрофи, пожари, убиства, запалени возила, престрелки кои се случија додека Тошковски е на чело на МВР неговата одговорност е прв чекор кон враќање на безбедноста и спокојот на граѓаните.

Време е полицијата да се врати во служба на народот, а не на партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитајте повеќе

рек битола ЕСМ

СДСМ: Новиот директор на РЕК Битола – уште една алка од бизнис шемата на Мицкоски

Соопштение за јавност на СДСМ Назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РЕК Битола …