СДСМ

СДСМ: Укинување на ДДВ за храната вистински ќе ги намали цените, кошничките на Владата немаат ефект

Соопштение за јавност на СДСМ

Предлог законското решение на СДСМ за укинување на ДДВ на храната вистински и реално ќе ги намали цените на над 250 категории на производи а граѓаните ќе заштедат и до 2.000 денари.

Мерката на Владата со така наречените кошнички односно замрзнување на маржите се покажа дека нема никаков ефект и цените не се намалија.

Освен реалната ситуација во маркетите каде цените на производите остана исти, тоа го потврдуваат податоците на Државниот завод за статистиска кој објави дека цените на мало во октомври се „намалиле“ за само 0,1%.

Синдикалната кошничка пак е намалена за само 57 денари а споредбено октомври во 2023 со октомври во 2024 година, трошоците за живот се зголемиле за 3,5%.

Владата задоцни и спроведе мерка којашто се покажа недобро осмислена, погрешна и неефикасна и затоа наместо нови најави за кошнички со ефект од 0,1% власта треба да го прифати предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храната.

Со луксузни часовници од 50.000 евра на раката Мицкоски треба да помисли на потребите на граѓаните кои врзуваат крај со крај.

Прочитајте повеќе

Миле Талевски СДСМ за тутунарите

СДСМ побара во итна постапка да се донесе Законот за поддршка на тутунарите, ДПМНЕ одби

СДСМ побара по итна постапка да се донесе Законот за поддршка на тутунарите, заради слабата …