пензионери пензии

СДСМ: Владата ги излажа пензионерите, а ќе ја наруши и стабилноста на ПИОМ

Соопштение за јавност на СДСМ

Христијан Мицкоски пред изборите вети дека ќе ги зголеми пензиите за сите пензионери за 5.000 денари. Но ова ветување не само што не се исполни, туку и го постави прашањето за долгорочната стабилност на Фондот на ПИОМ.

Во реалноста, пензионерите ќе добијат покачување од само околу 1.000 денари, што е далеку од она што им се бетуваше и далеку од очекувањата и потребите на најранливата група во општеството.

Кога Мицкоски најави покачување на пензиите за 5.000 денари, многу пензионери поверуваа во тоа и очекуваа да се случи, за подобрување на животот во услови на растечки цени на основните потреби.

Но, со последната одлука на владата, пензионерите беа изненадени и разочарани кога разбраа дека на своите сметки нема имаат дополнителни 5.000 денари во септември.

На пензионерите секако им следува покачување на пензиите во септември, а потоа и во март согласно методологијата за постојан раст на пензиите. На тоа покачување кое секеко им следи власта додава само 1.000 денараи а не 5.000 денари како што ветуваше.

Оваа разлика од 4.000 денари не е само обичен математички пропуст, туку показател за начинот на кој владата на Мицкоски сака да ги користи пензионерите како инструмент за политички поени. Многумина пензионери веќе изразија незадоволство од ваквата измама, оценувајќи ја како удар на веќе кревкото доверие во институциите.

Покрај ветувањето кое не беше исполнето, постои и поголем проблем кој произлегува од актуелната политика на линеарни покачувања на пензиите. Имено, ваквата практика, без разлика на балансот на придонесите, претставува значителен ризик за стабилноста на ПИОМ.
Линеарните покачувања создаваат дополнителен финансиски притисок врз фондот, кој се соочува со проблеми во одржливоста. Зголемувањето на износите кои ПИОМ треба да ги исплаќа секој месец, во услови на ограничени приливи од придонеси, може да доведе до ситуација каде фондот нема да биде во можност да ги исполни своите обврски кон пензионерите.

Политиките на владата на Мицкоски, носат со себе сериозни долгорочни последици. Ако ПИОМ се најде во ситуација на недостаток на средства, владата ќе мора или да ги намали пензиите или да бара дополнителни извори на финансирање, што пак ќе значи поголеми даноци или нови задолжувања на државата.

Во секој случај, последиците ќе ги почувствуваат сите граѓани, а најмногу оние кои се најзависни од пензиските примања – пензионерите. Неисполнетото ветување за зголемување на пензиите не само што ги остави пензионерите со огорченост, туку и го доведува во прашање иднината на пензискиот систем.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Каде е милијардата на Мицкоски за борба со загадениот воздух?

СДСМ: Каде е милијардата на Мицкоски за борба со загадениот воздух?

Соопштение за јавност на СДСМ Скопје продолжува да биде меѓу најзагадените градови во светот, граѓаните …