Мицкоски

СДСМ: Владата лаже, се согласила да не го распушта Судскиот совет и Советот на обвинители

Соопштение за јавност на СДСМ

Владата на Мицкоски е фатена во нова лага. Додека јавно вели дека „не се откажува од распуштањето на Судскиот и Обвинителскиот совет“ во официјален документ, потврден од Владата на Мицкоски, се согласила да се менуваат “само членовите на Судскиот совет на кои им е истечен мандатот“.

Документот е дел од преземените обврски од реформската агенда за Планот за проширување и медиумите веќе ги објавија овие делови со кои се согласила Владата на Мицкоски.

По кој пат Мицкоски дома кажува едно, а надвор прави друго? Или пак е решен да не планира да го спроведува Договорот со Европската комисија и да се откаже од реформите?

А реформите во правосудството се можни само со спроведување на 40-те препораки од оценската мисија на ЕУ, со поддржка и мониторинг од меѓународната заедница.

Освен секојдневните скандали и афери, недоследноста стана одлика на Владата на Мицкоски. Едно се кажува во јавноста, друго далеку од очите на граѓаните, трето се прави, се менуваат ставови преку ноќ и се лаже на големо. Тоа е скандалозно само по себе.

Прочитајте повеќе

Филипче: Зад враќањето на Груби стои директно Мицкоски, Европското обвинителството на Ковеши за вистинска борба против корупцијата

Филипче: Зад враќањето на Груби стои директно Мицкоски, Европското обвинителството на Ковеши за вистинска борба против корупцијата

Христијан Мицкоски стои лично зад враќањето на Артан Груби, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче …