„Владата предводена од СДСМ уште во првите сто дена спроведе низа мерки со кои им се помага на земјоделците и се унапредува земјоделството“, се вели во соопштението на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по однос на работата на Министерството за земјоделство во изминатите 100 дена.

Од СДСМ потенцираат дека уште во првите денови бил одблокиран процесот за исплатата на субвенции и за три месеци кон 50 илјади земјоделци биле исплатени 60 милиони евра, додекаа за истиот период биле распишани и два огласа за доделување на државно земјиште до три и над три хектари.

„Преку одговорно и домаќинско работење и преку кратење на непродуктивните трошоци, се обезбедија нови дополонителни 10 милиони евра за Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Со средствата од Програмите ќе се обезбеди финансиска помош од неповратни 10.000 евра за младите регистрирани земјоделци кои учествуваа во проектот „Млад земјоделец“. 25.000 производители на пченица ќе добиваат по дополнителни 6.000 денари за секој хектар засаден со пченица, а за 10 отсто ќе се зголеми поддршката за овошни и лозови насади и за градинарски и фуражни култури. Тоа значи повеќе пари за 18.000 лозари, 15.000 овоштари и 30.000 сточари“, велат од СДСМ.