Прес конференција на Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ
Власта на Мицкоски и ДПМНЕ го има најголем Буџет во историјата од 6 милијарди евра а не ги покачува платите на работниците во јавниот сектор.
За што е тој буџет од 6 милијарди евра ако не за да се поддржат граѓаните и работниците?
Очигледно за да се богатат функционерите на власт, за нивните плати, за коли, мебел, луксузирање на власта и задоволување на интересите на елитата. За удобност на власта но не и за поголеми плати за работниците.
Системот за зголемување на платите, воспоставен од СДСМ е целосно напуштен од актуелната власт, што резултира со влошување на животниот стандард на работниците.
Тоа го потврдуваат и последните податоци од Државниот завод за статистика. Трошоците за живот се пораснати за 4,4% а цените на основните производи се зголемени за 4,3%.
Граѓаните имаат се помалку пари во џебовите, работниците живеат се потешко.
СДСМ бара власта да ги напушти овие погрешни политики и да ги покачи платите на работниците во јавниот сектор.
Дополнително, недозволиво е поради неспособност на актуелната власт околу 1.000 вработени во јавниот сектор се уште да бидат оставени без плата токму за празниците.
Власта создаде хаос со измени во Законот за организација и работа на органите на државата управа.
Со распределбата и создавањето на новите министри, власта ги стави инспекциските служби под капа на министерствата и не се повеќе самостојни органи.
Целта им беше само да им бидат под контрола работата на инспекциските служби а работниците ги оставија на маргините и целосно ги заборавија.
Од јуни, кога беше усвоен Законот до сега, цели 7 месеци власта не успеа да најде соодветно решение, да обезбеди соодветни законски измени за да не дојде до ова.
Вработените се збунети, не знаат ниту како ќе функционираат. Срамно и тажно е работниците да бидат принудени да протестираат барајќи нешто што го заслужиле, што им следува и што го заработиле.
СДСМ е на страна на работниците и бара од Владата итно да преземе чекори за зголемување на платите во јавнот сектор, како и потпишување на колективните договори и решавање на проблемите.