СДСМ: Власта ги излажа граѓаните за платите и акцизите!

СДСМ: Власта ги излажа граѓаните за платите и акцизите!

Прес конференцијата на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ грубо ги излажа граѓаните и за платите и за акцизите за гориво. Ова е главната порака од денешната прес-конференција на СДСМ, на која портпаролката Богданка Кузеска потенцираше дека актуелната власт за сè лаже.

Како власта ги излажа граѓаните за горивата?

Кузеска потсети дека во периодот кога ВМРО-ДПМНЕ беа во опозиција, тие гласно бараа и ветуваа намалување на акцизите за горивата. Но, откако ја добија довербата, тие веднаш ги излажаа граѓаните. Денеска, кога се на власт и кога можат да ја намалат акцизата и цените, тие тоа го одбиваат.

Додека цената на нафтата на светските берзи се намалува, граѓаните на Македонија плаќаат поскапо гориво. Сите земји во регионот веќе воведоа мерки за ограничување на цените на бензините, а само владата на Мицкоски не го прави тоа. Според СДСМ, очигледно е дека Мицкоски намерно профитира на грбот на народот.

Дволична политика кон граѓаните: Часовници наспроти плати

На тврдењата на премиерот дека имаме најевтино гориво, од СДСМ прашуваат што се случува со платите. Вистинскиот проблем, според нив, е што платите се најниски во Европа, а куповната моќ што ја имаат македонските граѓани е на самото дно. Токму тоа е клучниот проблем – нискиот стандард и ниските плати.

Кузеска посочи дека власта повторно излажала и за платите. Додека биле во опозиција, за ВМРО-ДПМНЕ покачувањето на минималната плата од страна на СДСМ не било доволно, туку продуктивноста била проблем. Денес, владата на Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра , а премиерот излегува и вели дека барањето за поголема плата е хистерија.

„Со часовници од 60.000 евра, вредни колку 150 минимални плати, Мицкоски ги прави хистерични работниците затоа што бараат 600 евра плата,“ нагласи Кузеска. Таа заклучи дека не е хистерија да се бара достоинствена плата, бидејќи тоа е борба за достоинствен живот, а вистинска хистерија се часовниците од 60.000 евра.

Затоа, граѓаните сега многу добро знаат дека Мицкоски и ВМРО лажат за сè.

Прочитајте повеќе

Иран: Војната турка милиони Иранци во сиромаштија

Иран: Војната турка милиони Иранци во сиромаштија

Повеќе од 93 милиони луѓе во Иран живеат во сенка на војна која што би …