СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги погазуваше новинарските слободи

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги погазуваше новинарските слободи

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

Почитувани граѓани,

СДСМ ги почитува европските принципи за слобода и демократија и затоа го поддржува развојот на медиумите и слободата на говорот и аргументираната критика.

Ја вративме слободата, демократијата и критичкото размислување.

За само две и пол години заедно со граѓаните и новинарите успеавме да ги ослободиме медиумите од партиските влијанија и од 11 годишната узурпација од страна на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе нема јавувања од политички функционери по уредници и нема нарачка на прилози и вести.

Партијата на Никола Груевски цела деценија корумпираше одредени медиуми со црни пари и со народни пари со кои купуваше рекламен простор во милионски износи. Со поткупот на медиумите ВМРО-ДПМНЕ стана и сопственик, и уредник и пропагандист во медиумите под нивна контрола.

ВМРО ДПМНЕ го зави во црно македонското новинарство за да му служи на режимот.  Да сепотсетиме дека новинари завршуваа во затвор заобјавени информации, на големи медиумиставија клуч затоа што ја критикуваа нивната ненародна и криминална политика, стотици новинари ги оставија на улица затоа што не му се приклонија на Груевски во узурпацијата на медиумите

Режимот на ВМРО-ДПМНЕ од медиумите направи партиски мегафони за да ги величаат неговите злодела и да го штитат при секоја криминална постапка или лошо спроведена политика.

Денес, се’ е исто во белиот дворец.

И тогаш и сега ВМРО-ДПМНЕ поткупува медиуми за да пласираат лажни вести. Тогаш за да го одржат режимот, а денес за да пишуваат против европските успеси на државата.

СДСМ ја актуелизира оваа тема затоа што неодамна се појави новинарско истражување во Словенија кое директно посочува четири медиуми во Скопје во кои се слеале 2,5 милиони евра со цел да се поткопува Преспанскиот договор и членството на Северна Македонија во НАТО.

СДСМ нема да престане со борбата за создавање професионална и независна медиумска сфера. За нас се приоритет демократските и европските вредности за јавна критика, дебата и слобода на изразување. Сето она што беше забрането во режимот.

Прочитајте повеќе

СДСМ лого

СДСМ: Во новиот мандат европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

Соопштение за јавност на СДСМ Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем …