СДСМ лого

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ блокира закон за фотонапонски централи среде енергетска криза

Прес-конференција на Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

Најавата за нови блокади на Христијан Мицкоски е најнеодговорниот чин во време на најголема економска и енергетска криза после Втората светска војна.

Собранието треба да носи брзи и ефикасни решенија за граѓаните и заштита на нивниот стандард а не да биде алатка за уцени, за деструкција, за лични и партиски цели на Мицкоски.

Ваковото деструктивно однесување на штета на граѓаните не е нешто ново од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Две години од страна на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата се блокирани 70-тина закони кои се во интерес на граѓаните и носат придобивки.

ВМРО-ДПМНЕ блокира законски решенија со кои ќе се намалат казните за граѓаните и компаниите.

Осум месеци ВМРО-ДПМНЕ блокира закон со кој ќе се обезбедат 25 милиони евра за фотонапонски централи со моќност до 30 киловати. Тоа го прави во сред енергетска криза кога Владата прави се за да се зголеми домашното производство на електрична енергија.

Пет месеци ги блокираат измените на Законот за данок на додадена вредност со кои се намалува прагот за даночни обврзници од три на два милиони денари. Ова е особено важно за малите и средните претпријатија.

Како што знае и целата јавност речиси една година е блокиран Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта кој обезбедува повисоки плати за сите наставници.

За да го спречат овој Закон, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ на седница на матичната комисија се закануваа и со физичко насилство.

Понатаму, блокиран е и Законот за земјоделство и рурален развој, како и Законот за Академија за судии и јавни обвинители.

Речиси и да нема сектор каде ВМРО-ДПМНЕ со опозицијата не блокира законски решенија, на штета на државата и граѓаните.

Почитувани,

Собранието е дом на демократијата, местоа каде што треба да се расправа и да се носат одлуки важни за развој на државата, тоа не е и нема да биде место каде ќе се исполнуваат личните желби на Мицкоски.

Пратениците се народни избраници и треба да работат за граѓаните кои им ја дале довербата, од кои земаат плата, а не да исполнуваат нарачки на претседател на партија.

СДСМ има план како да се спротивстави на овие блокади. СДСМ е на странана граѓаните и уцени не прифаќаме.

Како пратеничка група, заедно со коалициските партнери, ќе ги искористиме сите уставни и деловнички механизми за да ги надминеме блокадите на опозицијата и да обезбедиме функционално Собрание.

Прочитајте повеќе

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Кандидатот за пратеник на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче, денеска е …