СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира за одбрана на насилство

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира за одбрана на насилство

Соопштение за јавност на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски, упорно стои на браникот на криминалот и криминалците.

Со денешниот протест тие уште еднаш докажуваат дека се за одбрана на насилство, за одбрана на обидите за државен удар, за одбрана на обидите за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието.

Зад протестот за одбрана на лица осудени за тероризам, кои на крвавиот четврток, на 27 април 2017 инспирирани од ВМРО-ДПМНЕ, жедни за крв, со оружје упаднаа во Собранието, стои нивниот почесен претседател, осудениот бегалец од правдата Никола Груевски.

Христијан Мицкоски е само извршител на волјата на неговиот ментор од Будимпешта.

Единствена задача на Мицкоски е да го одбрани криминалот во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, нему ниту му е до граѓаните, ниту до државата.

Мицкоски, кој шест пати беше поразен на избори во последните четири години, не сфаќа дека народот не сака политичари кои се на браникот на криминалот, кои ја блокираат помошта за граѓаните и фирмите, кои го поткопуваат здравствениот систем во време на пандемија, кои прават опструкции на евро-атлантската интеграција на државата, кои не гласаат стратегија за борба против корупција, кои ги делат луѓето по сите основи и внесуваат страв и омраза.

Затоа Мицкоски уште долго ќе биде во опозиција.

Прочитајте повеќе

Николовски: Над 130 милиони евра во мирување по скандалот со ИПАРД, СДСМ предлага решение за деблокада

Николовски: Над 130 милиони евра во мирување по скандалот со ИПАРД, СДСМ предлага решение за деблокада

Прес-конференција на Љупчо Николовски, пратеник на СДСМ Почитувани претставници на медиумите, почитувани земјоделци, стопанственици и …