СДСМ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против работниците, против граѓаните, се противи на зголемувањето на минималната плата

Соопштение за јавност на СДСМ

СДСМ континуирано покажува дека е на страна на работниците, на страна на граѓаните.

За над 6.000 денари ја зголемивме минималната плата за неполни пет години. Односно од 9.000 денари од времето на ВМРО-ДПМНЕ на 15.200 денари.

Со успешни економски политики среде криза, ја зголемивме и просечната плата, пензиите и социјалната помош.

Заложбата на СДСМ е минималната плата да продолжи да расте, бидејќи подобрувањето на животниот стандард на граѓаните во време на енергетска криза е наш приоритет.

Ќе најдеме решение кое е во интерес на граѓаните преку дијалог меѓу Владата, синдикатите и работодавачите, со цел достоинсвено вреднување на трудот и одржливо стопанство.

Новиот раст на минималната плата ќе обезбеди повисок животен стандард за работниците, но и позитивно ќе влијае врз растот на останатите плати.

За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е против минималната плата.

Трајко Славески член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот на Град Скопје е главен говорник против растот на минималната плата.

На овој начин ВМРО-ДПМНЕ работи директно против работниците, против повеќе пари во семејните буџети.

Оваа партија очигледно има проблем секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните, а не во нивниот скапоцен дворец.

Прочитајте повеќе

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Носителот на листата за пратеници на СДСМ и коалицијата во Изборна единица 4, Венко Филипче …