СДСМ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал, се’ што имаат да достават до Антикорупциска

Реакција на СДСМ на изјавата на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ

Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е синоним за криминал и незаконски стекнат имот врз грбот на граѓаните.

Со судска пресуда за Талир 2 е докажано Белиот дворец вреден околу 7 милиони евра е незаконски, криминално стекнат, врз грбот на граѓаните, односно со пари украдени од граѓаните.

ВМРО-ДППМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови.

Милионски суми на пари биле злоупотребени. Деталниот урбанистички план три пати е менуван за ВМРО-ДПМНЕ да добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел.

Криминалната шема за Белиот дворец е драстична, безобразна, епска.

Кога зборува за имоти, ВМРО-ДПМНЕ прво нека си погледне во своите редови и својот дворец.

Со кој пријавен имот и на каков начин Никола Груевски живее во Будимпешта?

Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина поседува некакви информации за функционери кои не пријавиле имот и сториле некаков прекршок, тие треба да ги достават до надлежната институција а тоа е ДКСК, за понатамошно постапување.

Прочитајте повеќе

Прилеп: СДСМ и Коалицијата побараа вонредна седница на општинскиот Совет за доделување помош за настраданите од земјотресот во Турција

Советничката група на СДСМ и Коалицијата, побара одржување вонредна седница на Советот на општина Прилеп, …