Сдсм знаме

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги кочи измените на Деловникот, работи против интересите на граѓаните

Соопштение за јавност на СДСМ:

Обидот да се спречи донесување на измените на Деловникот со голем број нелогични амандмани ја покажува желбата на ДПМНЕ да го блокира законодавниот дом во време на пандемија од коронавирус.

Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ продолжуваат со својата деструктивност и работат директно на штета на граѓаните. Тоа е срамно и неодговорно однесување, тоа е вистинското лице на ДПМНЕ. Секогаш става сопки и дејствува на штета на граѓаните.

Во време на сериозни предизвици со коронавирусот, на граѓаните им се потребни институции со целосен капацитет и затоа предложивме измени за оние пратеници кои се заболени од Ковид 19 или се во изолација да може да работат од далечина, онлајн.

На граѓаните им е потребно Собрание кое ќе биде во можност да ги извршува своите функции и во вакви околности.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …