СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го доведе Скопје пред банкрот, Советот да расправа за тешката финансиска состојба

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го доведе Скопје пред банкрот, Советот да расправа за тешката финансиска состојба

Соопштение за јавност на СДСМ

Неспособноста и кавгите за рацете во медот на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска и се причините што денес Град Скопје е со блокирана сметка и му се заканува банкрот.

Околу 100 милиони евра годишно изнесува Буџетот на Градот а дополнително при преземањето на власта Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ наследија плус од 13 милиони евра.

Парите се потрошени, а за сето време додека се на власт во Скопје нема ниту еден проект нема довршување ниту на наследените а јавните претпријатија крпат крај со крај.

Тоа е срамно и недозволиво.

Денес СДСМ ќе поднесе иницијатива за одржување на седница на Советот на која ќе се расправа за тешката финансиска состојба во Градот.

Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ мора да одговорат каде завршиле стотици милиони евра пари на граѓаните.

Прочитајте повеќе

банкноти пари плата пензии буџет долг

Цветков: Со ребалансот ВМРО-ДПМНЕ не предвидува зголемување на минималната плата

Одговор на новинарско прашање на Борче Цветков, пратеник на СДСМ: Првично она што се гледа …