СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби Законот за двојни државјанства

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби Законот за двојни државјанства

Соопштение за јавност на СДСМ

Денеска има уште едно признание од ВМРО-Организирана Криминална Група, партијата полна со бугарски пасоши.

Одбија да го прифатат предлог-законот на СДСМ, за министрите, вицепремиерите и министрите во Владата да не може да имаат двојни државјнаства.

Го признаа Преспанскиот договор како ремек дело на дипломатијата.

Признаа дека со Преспанскиот договор македонскиот јазик, национален идентитет и култура се заштитени.

Го признаа НАТО.

И сега дојде уште едно признание:

Имаме Влада полна со функционери, министри, сите со бугарски пасоши и бугарски државјанства.

Со години ширеа хистерија, страв и лаги дека некој ќе го избрише македонскиот идентитет, а денес токму тие – со бугарски пасоши во џебовите.

Одбивањето на Законот ја разобличува целата нивна лицемерна политика. Никого повеќе не можат да излажат.

Истите тие со бугарски пасоши не дозволуваат внесување на малцинствата во Уставот и намерно ја блокира европската иднина на државата.

Додека го блокираат европскиот пат на Македонија и намерно создаваат конфликти со Бугарија, многу функционери од ВМРО-ОКГ си обезбедија бугарски пасоши – пасоши на ЕУ.

  • Антонио Милошоски од Вазараждане, Софија.
  • Никола Мицевски од Ќустендил.
  • Сања Божиновска од Софија.
  • Стефан Андоновски од Ќустендил.
  • Марија Андоновска од Благоевград.
  • Бојан Стојановски од Благоевград.
  • Иван Јорданов од Ќустендил.
  • Игор Здравковски од Ќустендил.
  • Марија Петрушевска од Средец.
  • Александар Пандов од Средец.
  • Петар Богојески од Обориште.

Вицепремиери, министри, пратеници, градоначалници, директори, функционери на ВМРО-ОКГ.