Соопштение на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија:

Наместо јасен став за референдумот и најважното прашање, јавноста од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ добива само празни фрази, измислици и ширење лажни вести.

Наместо пред граѓаните се изјаснат за иднината, за членството во ЕУ и НАТО, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат став, немаат план ниту визија и се без правец на делување, со што покажуваат несериозност и неодговорност пред граѓаните во историските мигови во кои се наоѓа Македонија.

Дали обезбедувањето на иднината како рамноправен дел од ЕУ и НАТО со загарантиран и заштитен идентитет е она што им пречи на Мицкоски и неговата партија, па затоа упорно одбегнуваат да го кажат ставот за референдумот?

Граѓаните го ценат ваквото дејствување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ја препознаваат важноста затоа што знаат дека Македонија вредносно и цивилизациски припаѓа во ЕУ и НАТО.

На 30 септември граѓаните масовно, храбро и достоинствено ќе излезат на референдум и ќе гласаат ЗА македонската иднина, ќе гласаат ЗА членство во ЕУ и НАТО со загарантиран македонски идентитет.