Со почетокот на откупот на индустриското јаболко цената беше 1.5 денари по килограм. Знаејќи ја состојбата на пазарот со јаболка, уште пред да започне бербата, Владата предводена од СДСМ воведе нова, дополнителна субвенција за производителите на индустриско јаболко од 3 денари по килограм јаболка, предадени во преработувачки капацитети кои вршат откуп за извоз.

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ја профилира сопствената партија како лидер во лажење.

Дополнително, Цветан Трипуновски, пратен од антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕпокажа дека нема основни познавања од земјоделството.

Да беше добро упатен ќе знаеше дека едно дрво со јаболка во просек дава по околу 40 килограми  јаболка, од кои 80 отсто е консумно а 20 отсто индустриско јаболко.

Заврши времето на хаос и несреденост во земјоделскиот сектор што го креираше 11 годинишнто криминално владеење на Никола Груевски.

Токму Владата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не вложи ништо за изградба на нови,  и проширување на постојните капацитети за преработка и доработка на јаболкото, За време на нивното криминално владеење, ИПАРД програмата беше искористена едвај 20% поради нивната неспособност, а токму овие капацитети се важни за целокупното производство и откуп.

Владата предводена од СДСМ досега, само за еден повик за ИПАРД 2 во кои спаѓаат и  мерките за преработувачки капацитети има склучено 937 договори со вредност од 16,4 милиони евра, а за време на криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ за цел програмски период од ИПАРД 1 се исплатени само 16 милиони евра.

Владата предводена од СДСМ покажува дека вистински се грижи за земјоделците со кои води секојдневен дијалог за секој проблем. Преку партнерски однос со земјоделците се креираат мерки што го унапредуваат земјоделството и животниот стандард на земјоделците.