Реакција на СДСМ на прес конференцијата на Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со принципот на транспарентно и одговорно управување со финансиите што го воспостави Владата предводена од СДСМ и затоа секојдневно шири лажни вести.

За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога се тепаа и бркаа новинари и пратенци од Собранието само за да не се дознае вистината за тоа како ќе се користат парите од државниот буџет, Владата предводена од СДСМ целиот Предлог Буџет за 2018 година го стави на увид на јавноста уште пред тој да биде влезен во владина и собраниска процедура.

Прераспределбата на одредени средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите е исклучиво за да се обезбедат пари за исплата на достасани обврски за сметка на дел од работите кај кои е забележано забавено темпо на реализација. Со тоа се санираат штетите наследени од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, а на институциите им се овозможува функционално и ефикасно да работат во интерес на граѓаните.

Залудни се лажните вести и празните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ги препознаваат успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ  и одговорното и отчено спроведување на зацртаните мерки што обезбедуваат квалитетен живот за сите граѓани.