Реакција на СДСМ на изјавата на Слаѓана Митовска од ВМРО – ДПМНЕ:
Крајно лицемерно и безобразно е ВМРО ДПМНЕ да зборува за заштита на ранливите категории граѓани. Токму во времето на ВМРО ДПМНЕ нашата држава стана единствена во регионот каде детската сиромаштија континурано растеше и благодарение на нивните штетни политики секое трето дете живее во сиромаштија.
Со социјалната реформа на Министерството за труд и социјална политика значително се унапредуваат правата на лицата со попречености. Социјалната помош се зголемува за 300 отсто, бројот на деца кои ќе добиваат детски и образовен додаток ќе порасне за 20 пати и 400.000 граѓани трајно ќе излезат од сиромаштија. Новите закони се направени заедно со сите засегнати страни, граѓаните и стручната јавност и одговараат на реалните потреби на корисниците.
Амандманите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата се уште еден доказ дека тие воопшто не се грижат за граѓаните и единствено што ги интересира се политичките поени. Иако тие тврдат дека ги штитат правата на лицата со попреченост, денеска гласаа против промена на член 77 од Законот за социјална заштита, со кој се овозможува родителите на лицата со попреченост да ја користат услугата „помош во домот“, заедно со правото за скратено работно време.
Ги повикуваме пратениците на ВМРО ДПМНЕ да престанат со лажната „грижа“ и да гласаат за реформите кои во корист на граѓаните и драстично ќе го олеснат и подобрат животот на најранливите категории во нашата државата.