СДСМ: За починатото бебе мора да има одговорност, катастрофата во здравството не може се крие

СДСМ: За починатото бебе мора да има одговорност, катастрофата во здравството не може се крие

Соопштение за јавност на СДСМ

Состојбите во здравството се влошуваат од ден на ден. Алармантно расте бројот на смртните случаи, 20 бебиња починаа во изминатите 7 месеци, се влошуваат услугите за граѓаните.

Мора да има одговорност за она што се случува, мора да има одговорност за починатите бебиња.

Јавноста е сведок дека има обиди да се заташка последниот случај со смртта на седуммесечното бебе на Клиниката за детски болести, кое било одбиено за хоспитализација, без да се издаде никакво образложение за причините.

Зошто бебето не било примено? Зошто немало специјалист кога го донеле бебето во болница? Кој е одговорен за ова?

Клучното прашање е кого штити Таравари? Себе си? Неговиот кадар Мемеди? Ова е недозволиво.

Министре Таравари, се работи за деца, ова се трагични бројки. Заедно со директорот на Клиниката за детски болести Мемеди, треба излезете и да си поднесете оставки.

Болниците кубурат со основни медицински материјали, листите за чекање се огромни, а новопоставените директори ги заплашуваат здравствените работници да не зборуваат јавно за проблемите во здравството.

Катастрофата во здравството не може да се крие. Одговорност мора да има!

Прочитајте повеќе

СДСМ: Замрзнат автопат, неспособноста на ДПМНЕ е закана за безбедноста на граѓаните

СДСМ: Замрзнат автопат, неспособноста на ДПМНЕ е закана за безбедноста на граѓаните

Соопштение за јавност на СДСМ Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ со справување со последиците од снежните врнежи …