Панче тошковски

СДСМ: За трагедијата во Карпош мора да има одговорност и оставка од Панче Тошковски

Соопштение за јавност на СДСМ

Трагедијата во скопската населба Карпош каде трагично згаснаа два животи на мајка и дете, покажа сериозни пропусти на институциите за заштита од семејно насилство.

Две години пријавувано семејно, физичко и психичко насилство. Дури 12 пријави имало за сопругот, кој имал и други обвиненија а последниот случај му била најдена и дрога.

Институциите биле алармирани, било пријавувано, имале сознанија, имало индиции за ризик и со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите.

Потфрли Панче Тошковски, потфрли МВР, потфрлија Центрите за социјална работа, целиот институционален, државен систем.

Формалното постапување, не почитувањето на законските одредби за гонење на семејно насилство по службена должност, недостатокот на навремена реакција доведоа до трагична смрт на мајка и дете.

Само пред неколку месеци, во Велес, млада жена не беше заштитена, иако пријавувала малтретирање институциите не реагирале соодветно и беше убиена заедно со нејзиниот татко.  Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство.

За сите овие институционални пропусти мора да има одговорност.

Прочитајте повеќе

рек битола ЕСМ

СДСМ: Новиот директор на РЕК Битола – уште една алка од бизнис шемата на Мицкоски

Соопштение за јавност на СДСМ Назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РЕК Битола …