Соопштение на СДСМ:

За само три дена од почетокот на кампањата за претседателските избори, кандидатката на Христијан Мицкоски и Никола Груевски, Гордана Силјановска, три пати ги излажа граѓаните.

Силјановска  лаже дека е натпартиски кандидат, а всушност е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ. Не може ниту штаб да отвори без присуство на Мицкоски чиј што кандидат е.

Силјановска лаже дека е за правда, а брани криминалци и насилсници. Дури и слоганот и лажен и лицемерен.

Лаже Силјановска дека не го признава и нема да го користи уставното име на државата, а официјален документ покажува дека е потпишана на кандидатура за претседател на Република Северна Македонија.

Неприфатливо е претседателски кандидат да ги лаже, да ги манипулира гласачите, да говори едно, а друго да прави.

Затоа, на изборите, граѓаните нема да дозволат лицемери