СДСМ: Заедно напред! – започнува победничкиот караван на Стево

Соопштение на СДСМ:

Започнува победничкиот караван на Стево Пендарвоски, заеднички кандидат за претседател на Република Северна Македонија.
Во текот на утрешниот ден (01.04.2019, понедленик), кандидатот за претседател Стево Пендаровски ќе биде помеѓу граѓаните на општина Пласница (13:00), Македонски Брод (14:00), Долнени (15:10), Кривогаштани (16:30) Крушево (19.00) и Прилеп (20:30 часот).
По средбите со граѓаните на Пласница, Македонски Брод, Долнени и Кривогаштани, Стево Пендаровски ќе учествува на отворена трибина со граѓаните на Крушево. На оваа трибина ќе се приклучи и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Подоцна, со почеток во 20.30 часот, на градскиот плоштад во Прилеп, ќе се одржи централниот настан, отворена трибина со граѓаните на Прилеп на која ќе се обратат Стево Пендаровски, кандидат за претседател и Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …