Реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

Лицемерно и несериозно е ВМРО-ДППМНЕ да зборува за енергетика, кога токму нивниот претседател Христијан Мицкоски како прв советник на Никола Груевски ја укина евтината тарифа на струјата.

Законот за енергетика е поддржан од Европската енергетска заедница и во него се применуваат директивите коишто ВМРО-ДПМНЕ не ги примени поради неспособност и тесно партиски интереси. Поради таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ и нивното штитење на одредени бизнис интереси и неспроведувањето на енергетските реформи, Република Македонија доби две тужби.

Владата предводена од СДСМ ги санира штетите во енергетиката предизвикани од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, а со Законот за енергетика ќе се заштитат интересите на граѓаните и ќе се обезбеди стабилна енергетска иднина на државата.

Со повторното воведување на евтината тарифа на струјата од страна на Владата предводена од СДСМ, трошоците на граѓаните се намалија, а заштедата годишно изнесува околу осум милиони евра. Наместо празно да обвинува, ВМРО-ДПМНЕ треба да каже во чиј џеб завршрија околу 40 милиони евра колку што ги чинеше граѓаните укинувањето на евтината струја во последните пет години.

Владата предводена од СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните и државата. Времето на несовесно работење, времето кога ЕЛЕМ и МЕПСО парите ги трошеа за рајски градини заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.