СДСМ: Законот за ЈО е темел на реформите во правосудството, гарантира неселективна правда и не дозволува скриена амнестија

СДСМ: Законот за ЈО е темел на реформите во правосудството, гарантира неселективна правда и не дозволува скриена амнестија

Прес-конференција, Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка и координаторка на Форумот на Жени на СДСМ

Почитувани новинари, почитувани граѓани

Пред граѓаните ветивме правда, силна правна држава и независно судство.

Законот за јавно обвинителство, кој веќе е во собраниска процедура гарантира независно и професионално јавно обвинителство кое е темел на силна правна држава.

Со законот се гарантира дека сите судски предмети кои произлегоа од СЈО ќе имаат правна завршница. Постапките за овие процеси ќе бидат професионални, фер и базирани на докази.

Покрај зајакнувањето на правната држава, овој Закон гарантира дека нема скриена амнестија за никого и дека секој за кого постои обвинение ќе одговара пред институциите, согласно законите.

Очигледно тоа им пречи на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ па затоа веќе цела година прават се, ова законско решение да не се донесе, да не завладее правната држава.

Затоа и брзаат да се распушти Собранието. Се надеваат дека на тој начин Законот за јавно обвинителство нема да се најде на пленарна седница и дека со тоа нема воопшто да се изгласа.

Тоа е уште еден очаен обид на ВМРО-ДПМНЕ да избега од правдата и да ги попречува процесите на интеграцијата во ЕУ. Но тоа нема да им успее.

Усвојувањето на Законот за јавно обвинителство значи и огромен придонес кон европската перспектива на државата и интегрирањето на нашите граѓани во европското семејство.

Затоа ги повикувам сите пратеници, да бидат на висина на одговорноста и да се стават во функција на правната држава и овој Закон зад кој застанаа и нашите меѓународни пријатели, ЕУ и САД да биде донесен со потребното мнозинство.

Владеењето на правото, силна правна држава и независно судство се основата на секое демократско општество. Како пратеници имаме обврска тоа да го обезбедиме и ќе го обезбедиме преку носењето на Законот за јавно обвинителство.

Прочитајте повеќе

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Кандидатот за пратеник на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче, денеска е …