СДСМ

СДСМ: Законот за поголеми плати за наставниците во Собрание, ВМРО-ДПМНЕ да прекине со блокадите

Соопштение за јавност на СДСМ

Во Собранието продолжува дискусијата за Предлог Законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование.

Ова законско решение предвидува зголемување на платите на сите наставници и стручни соработници во основното и средното образование со раст на минималната плата.

Овој Закон предвидува сигурно и квалитетно решение за работниот однос на над 4.700 наставници кои работат со години, а не можат да го трансферираат работниот однос, бидејќи предаваат во повеќе училишта или предаваат изборни предмети.

Со законот покажуваме дека соодветно го вреднуваме трудот на наставниците и стручните соработници кои предаваат во комбинирани паралелки, во паралелки со деца со попреченост или имаат дополнителни задолженија.

Цела година пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го блокираа Законот и работеа на штета на наставниците, кои поради ваквиот нечесен и неодговорен однос цела година земаат пониски плати.

Со оглед на тоа дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ такво решение доставија во собраниска процедура, со што признаа дека се работи за добар закон, треба да престанат со блокадите, да бидат конструктивни и конечно да почнат да работат во интерес на граѓаните.

Прочитајте повеќе

СДСМ поднесе закон за зголемување на минималната плата на 600 евра

СДСМ поднесе закон за зголемување на минималната плата на 600 евра

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата денеска во Собранието го поднесе Законот за зголемување на …