Заради ВМРО-ДПМНЕ државата загуби 100 милиони евра од ЕБОР

„Европската банка за обнова и развој, повлече 100 милиони евра заем наменети за поддршка на АД ЕСМ и полесно справување со последиците од енергетската криза.​ Повлекувањето доаѓа откако со месеци ВМРО-ДПМНЕ го блокираше законското решение, грубо лажејќи дека со него ќе се затвореле енергетските капацитети РЕК Битола и РЕК Осломеј“, реагираа денеска од најголемата владејачка партија, СДСМ.​

Од „Бихаќка“ велат дека заради деструктивноста на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, државата и граѓаните останаа без 100 милиони евра помош во време на криза.​

„Не е првпат државата финансиски да биде оштетена од страна на ВМРО-ДПМНЕ, слично беше и со заемот од Светска банка за време на кризата со коронавирусот, кога тогашаната заменик министерка за финансии Гордана Кочовска Димитриевска не го потпишуваше заемот.

Како и многу пати досега, ВМРО-ДПМНЕ не само што не помага, туку во време на криза и одмога на државата.​ Тоа е срамно, ниско и неодговорно однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и тоа ќе го судат и ценат и граѓаните“, велат од СДСМ.​

Прочитајте повеќе

Избори во Русија: Путин се велича и се колне во единство

Резултатот е очекуван: Владимир Путин шест натамошни години ќе остане на чело на земјата. Вистинска …