Соопштение за јавност на СДСМ:

СДСМ ја поздравува одлуката на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија за разрешување на сега веќе поранешната техничка министерка за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.

Со ова зашитетен е Уставот, европската перспектива на државата, интересите на граѓаните, правата на стечајците и другите ранливи групи.

Одговорност мора да понесат сите што го кршат Уставот.

Членството во НАТО и ЕУ, иднината на земјата, не смее да биде заложник на извршители кои сакаат да го спречат напредокот и да ја загрозат сигурноста, односите со соседите, членството во НАТО и ЕУ.

Сите членови на Владата мора да ги почитуваат Уставот и законите и мора да работат во интерес на граѓаните и државата.

Сите членови на Владата мора да ги почитуваат Уставот и законите и мора да работат во интерес на граѓаните и државата.

Техничката Влада има мандат да обезбеди фер и демократски избори и фокусот на сите треба да биде во оваа насока.

Нема враќање назад, продолжуваме напред.