Се асфалтира патот кон вештачкото езеро во Прилеп

Во тек се активности за санирање на руинираниот регионален пат Р1312, на потегот Прилеп – Извор- Велес. Градоначалникот Илија Јованоски денеска на терен ја согледа актуелната состојба, имајќи ја предвид важноста на овој патен правец.

„Се наоѓаме на патот Прилеп – вештачко езеро, каде екипите на ‘Македонија пат’ работат на рехабилитација на овој потег во должина од 2,6 км, кој што е под ингеренции на Јавното претпријатие за државни патишта. Вредноста на оваа инвестиција е 20 милиони денари, а половина од нив односно 10 милиони денари се обезбедени од буџетот на Општина Прилеп. Останатите пари се од Јавното претпријатије за државни патишта. Ова е првата фаза на рехабилитација на овој потег Прилеп – вештачко езеро. Се врши асфалтирање на овој дел, а во втората фаза ќе бидат направени велосипедски и пешачки патеки. За оваа цел е изготвен проект што наредниот период ќе биде реализиран.  По шест месеци од моето доаѓање на функцијата градоначалник, започнавме со реализирање на ветените проекти во изборната кампања, а во почетокот на наредната година, ќе ја реализираме и втората фаза“, истакна градоначалникот Јованоски.

Според најавите, поради градежните работи идните две недели сообраќајот на овој пат ќе се одвива по една коловозна лента. За поголема безбедност на сообраќајот поставена е и соодветна сигнализација.

 

 

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …