Се доделија „Златните глобуси“, победник е филмот „The Power of the Dog“

Се доделија „Златните глобуси“, победник е филмот „The Power of the Dog“

Годинешното доделување на наградата „Златен глобус“ се одржа вчера во Лос Анџелес во речиси анонимни услови, без присуство на славни личности, црвен тепих, а немаше ниту телевизиски пренос. Наместо тоа, овогодинешните добитници на престижната награда во филмската индустрија беа објавени на официјалната страна на „Златен глобус“ и на профилите на социјалните мрежи на некои од реномираните славни личности.

Победник во категоријата драма филм беше „The power of the dog“ од Џејн Кемпион која беше избрана за најдобар режисер. Филмот се закити со уште една награда на австралискиот актер Коди Смит Мекпи за најдобар актер во споредна улога во категоријата драма филм.

Рекреирањето на „West Side Story“ од страна на Стивен Спилберг ја доби наградата за најдобра комедија или мјузикл, а актерките Рејчел Зеглер и Ариана Дебос добија актерски признанија.

Покрај номинацијата на Бенедикт Камбербеч за најдобар актер од победничкиот филм, наградата ја освои Вил Смит за своето појавување во драмата „King Richard“, а Никол Кидман го доби својот петти „Златен глобус“ за најдобра актерка за улогата во „Being the Ricardos“.

Телевизиската серија на HBO, „Succession“ триумфираше во сите телевизиски категории. „Глобусите“ оваа година остануваат забележани и поради наградувањето на првата трансџендер актерка, Микела Џеј Родригез за својот перформанс во телевизската драма „Pose“, додека O Јунг-су е првиот корејски актер да добие „златно признание“ за своето учество во мегапопуларната јужнокорејска серија „Squid Game“.

Церемонијата што се одржува 79-ти пат по повод доделувањето на „Златните глобуси“ е позната како еден од најзабавните настани проследен со посебни говори за паметење за актерите од А-класата. И покрај тоа, оваа година многу од славните актери и филмски студија одлучија да го бојкотираат учеството уште пред да биде објавена веста за приватизирање на церемонијата поради сомнежот дека наградите се доделуваат врз база на корупција и дека нема доволно диверзитет низ избирачките тела, по што доделувањето многумина го опишуваат како нефер спроведено.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните …