Се гради и во услови на пандемија, досега инвестирани милијарда евра во патната инфраструктура, ќе се инвестираат дополнителни 2 милијарди

Се гради и во услови на пандемија, досега инвестирани милијарда евра во патната инфраструктура, ќе се инвестираат дополнителни 2 милијарди

Прес-конференција, Диме Велковски, пратеник од СДСМ

Почитувани,

И во време на вонредни околности предизвикани од пандемијата со корона продолжува реализацијата на капиталните инвестиции.

Капиталните проекти продолжија со изведба и тоа со забрзана динамика. Градиме инфраструктура за сите, во вонредни околности, почитувајќи ги мерките за заштита. Тоа е новото нормално, на овој начин и помагаме на економијата во многу важен период.

Се инвестира во инфраструктурата на државата, затоа што тоа е гаранција за напредок и развој.

Инвестициите во инфраструктурата отвораат нови работни места, влијаат на движењето на економијата и го подобруваат животот на секој еден граѓанин.

Досега инвестирани се речиси една милијарда евра во патната инфаструктура и во план е да инвестираме дополнителни 2 милијарди во следните неколку години.

Северна Македонија во 2019 и 2020 во услови на корона криза, заврши 80% од примарната и секундарната гасификација, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години.

Градиме 260 км автопати. Градиме 300 км експресни патишта. Градиме 900 км локални патишта. Рехабилитираме повеќе до 1500 км постоечки патни правци.

Изграден и пуштен е во употреба автопатот Миладиновци-Штип, а Штип-Радовиш и Штип-Кочани ќе бидат комплетно предадени во употреба во следните неколку недели. Изградивме повеќе од 300 километри атмосферска канализација во сите општини во државата.

Интензивно и во услови на корона криза се работи на локалната инфраструктура во фаза во која е отпочната изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации за што обезбедуваме 100 милиони евра за сите општини во Република Северна Македонија.

Создаваме квалитетен здравствен систем. Ги подобривме условите во 28 јавно-здравствени установи.

Почитувани,

Наследивме руинирана држава во која расипнички се трошеа пари за споменици, додека патиштата, болниците, градинките и училиштата ни се распаѓаа. Наследивме хаос во неплански и недомаќински планови за патишта. Наследивме залудно трошени пари на граѓните, во непотребни проекти, во дупки без дно.

Ние имаме спротивен пристап. Европски пристап. Инвестираме во најнеопходните работи за современа држава e инфраструктурата.

Инвестираме во иднината и во самоодржливоста.

Прочитајте повеќе

Филипче на Сител

Филипче: Додека оперирам специјализантите најмногу учат со мене (ВИДЕО)

Многупати досега д-р Венко Филипче зборувал за поддршката што им ја давал на своите помлади …