Се обновува пешачката патека на Тумбе Кафе

Се обновува пешачката патека на Тумбе Кафе

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, денес изврши увид на работните активности на Тумбе Кафе, кои ова лето комплетно ќе ја променат повеќедецениската лоша состојба на патеката по која секојдневно минуваат голем број битолчани за спортски или рекреативни цели. Согласно предвидените рокови за реализација и динамиката на изведба, патеката ќе добие нов коловоз најдоцна до крајот на идниот месец. Граѓаните кои рекреираа или се одмораа под сенките на Тумбе кафе со голема радост го поздравија овој проект, потврдувајќи ја неговата неопходност и значење за сите граѓани.
Градежните активности за реконструкција на пешачката патека на Тумбе кафе се реализираат во должина од 538 метри со вкупна вредност на инвестицијата на Општина Битола од 5 304 304 денари.
Реконструкцијата на пешачката патека на Тумбе кафе се врши согласно Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на Општина Битола.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …