Се отвора новата зграда на Основниот суд Скопје 1, ќе ја “сефтоса“ Груевски

Денеска официјално во употреба ќе биде пуштена новата зграда на Основниот суд Скопје 1. Според најавите свеченоста ќе се одржи напладне во големата сала, на која ќе присуствуваат претставници од судските органи во државата и дипломати.

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, рече дека зградата започнува со работа од понеделник, а како прв предмет го најави случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој еден од осомничените е поранешниот премиер Никола Груевски.

Новиот објект има 25 модерни судници и многу подобри услови за работа. Неговата изградба започна во мај 2010 година, а на ставањето на темелите присутен беше и екс премиерот Никола Груевски.

Прочитајте повеќе

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во …