Се поставува нова урбана опрема во Општина Аеродром

Се поставува нова урбана опрема во Општина Аеродром

Општина Аеродром деновиве почна да ги заменува старите клупи за седење со нови, кои имаат современ дизајн. Исто така, се врши замена и на старите канти за отпадоци, кои се попрактични.

Поставувањето на новата урбана опрема деновиве ќе се одвива на три локации во Ново Лисиче, и тоа во паркот „Нирнберг“, на булевар „Видое Смилевски Бато“ кај зградите 39, 41 и 43, како и на игралиштето „Печурка“ во близина на Детската улица „Тоше Проески“.

Активностите за уредување на јавните површини ќе продолжат и во наредниот период и на други локации на целата територија на Општината, со цел подигнување на нивото на хигиената, како и обезбедување почист и поквалитетен живот за граѓаните.

Прочитајте повеќе

Комарец треска

Тројца починати од западнонилска треска, шест пациенти се во критична состојба

Трет пациент почина од западнонилска треска во земјава, додека шестмина од хоспитализираните се во критична …