Се решава деценискиот проблем со водоснабдувањето во делчевското село Разловци

Се решава деценискиот проблем со водоснабдувањето во делчевското село Разловци

Екипи на ЈПКД „Брегалница“ деновиве интензивно работат на изградба на нова дренажа со која ќе се обезбеди поголем доток на вода во водоснабдителниот систем во село Разловци. Со градежна и друга механизација се работи на изградба на дренажен систем за зафаќање на водите од река Ракитина во Разловци. Ќе биде инсталиран дренажен приклучок со вградување полиетиленско црево фи-100 во должина од 300 метри кое ќе се поврзе со приклучната шахта.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, очекува дека со оваа интервенција ќе се реши хроничниот проблем со недоситигот со вода во селото кое вообичаено кулминира за време на летниот период кога и потрошувачката на вода е поголема.

-Моите заложби се да се решаваат проблемите на граѓаните и приоритетите во населените места, а недостигот на вода во 21 век за мене е прв предизвик. Не само во ова село, туку на ова поле веќе работиме интензивно со швајцарските консултанти на реализација на големиот проект „Водоснабдување на Делчево“ и за неполни три години, Општина Делчево и населените места Габрово и Ѕвегор, а с еправат напори кон овој систем да се приклучи и селото Вирче, ќе добијат современ водоснабдителен систем и чиста вода за пиење, рече Трајковски.

Прочитајте повеќе

Знаме Македонија

Од прослави за знамето до тензии и обвинувања за дестабилизација

Прославите за албанското знаме низ Северна Македонија предизвикаа инциденти и сквернавење на македонското знаме, што …