Веста која утрово ја пренесоа светските медиуми, ја потврдија и членовите на „Продиџи“: Кит Флинт, легендарниот фронтмен на овој бенд, бил најден мртов во неговиот дом.

Исто така, членовите на „Продиџи“ потврдија дека 49 годишниот Кит Флинт се самоубил. Утринава во 8 часот, полицијата го пронашла безживотното тело на музичарот, во неговиот дом во Есекс.