Општина Крушево ги врши последните подготовки за одбележување на 2.Август. Во пресрет на почетокот на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, денеска се врши санација на платото на „Гумење“.
Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ ќе биде отворена во четврток, 1.август, со настап на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, како и Емин Џијан и Македонската филхармонија.