Се санираат пристапните патишта во селата во општина Делчево

Се санираат пристапните патишта во селата во општина Делчево

Со прочистување на земјените патишта во атарот на селото Разловци, започна годинешната активност за прочистување и порамнување на земјените коловози и  прочистиување на канавките за одводнување на локалните патишта во селата. Во моментот се работи над селото Разловци каде се прочистуваат земјените патишта на место викано Средна, а активноста ќе продолжи и на останатите земјени патишта, како патот за с. Митрашинци, за брана Лошана и други патишта кои се определени во соработка со месната заедница на село Разловци.

По завршување на работите во село Разловци, активноста ќе продолжи во атарот на село Тработивиште, Вирче, Град, Стамер, Петрашевец и Чифлик, Ѕвегор, Габрово, Полето, Црквенец, Киселица, Очипала, Драмче, Илиово, Селник, Бигла и Турија.

Интервенцијата на патиштата ја изведува фирмата СД Транс согласност со Планот за интервентно одржување на општинските патишта и пристапни патишта за подрачјето на Општина Делчево за 2019 година со кој  е планирана динамиката на спроведување на интервентното одржување на патиштата, а во консултации со месните и урбаните заедници. Вредноста на договорот изнесува 1.416.000 денари со ДДВ.

Подрачјето на Општина Делчево е специфично и, генерално, може да се подели на три типа на сообраќајно поврзување: градот Делчево, населените места од збиен тип и населените места од разбиен тип, поради што е специфична и патната инфраструктура.

Општина Делчево втора година по ред предвидува средства и презема активности за прочистување и одржување на земјените патишта во Општината.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …