Nokia Lumia 520 е најпопуларниот модел на телефон на Windows во последните три години. Уредот првично беше претставен на MWC 2013 година, и стана достапен во почетокот на април истата година. Уредот доаѓа со Windows Phone 8, а подоцна беше надграден со Windows Phone 8.1. Lumia 520 има 4-инчен екран со резолуција од 480 x 800,  dual-core процесор со 1GHz и графички чип Adreno 305. Има вградено 512MB RAM меморија, заедно со 8GB внатрешна меморија.  На располагање е и microSD слот со капацитет од  64GB. Постои само една камера на уредот од задната страна со 5MP детиште со f / 2.4 бленда, но нема блиц. Батеријата е заменлива, со капацитет од 1430 mAh. Телефонот беше понудена во црна, жолта, црвена и бела боја.