По вчерашните инциденти, утринава во северниот дел на Митровица е мирно, а барикадите што беа поставени на локалните патишта се отстранети, пренесе Н1.
Надвор од животна опасност е и лицето кое вчера беше рането во полициската акција: Повредениот е опериран и сè уште е на интензивна нега.
Косовскиот министер за внатрешни работи, Џеваљаљ Свечља, на прес-конференција рече дека акцијата не е насочена против која било националност, туку против криминалци кои шверцувале нелегална стока во Приштина, Пеќ и северните и јужните делови на Косовска Митровица.
За време на акцијата против криумчарење стока и други материи полицијата уапси осум лица, а распиша потерници и налози за апсење за уште 10 лица.
Од КФОР соопштија дека операцијата на косовската полиција на 13 октомври против криумчарење стока ја гледа како „акција за спроведување на законот“ и дека мисијата на КФОР на Косово е во комуникација со надлежните органи, пренесе Коха.нет.
Остра реакција по настаните имаше и германскиот амбасадор во Приштина Јерн Роде.
„Стоп! Споредувањето на денешната полициска акција со „кристалната ноќ“ е неприфатливо. Ваквите споредби придонесуваат за искривување и негирање на наративите за Холокаустот“, рече германскиот амбасадор во Приштина Јерн Роде осрнувајки се на изјавата н косовскиот владин министер Горан Ракиќ кој во изјава за медиумите терминот „Кристална ноќ“ го употреби за да ја опише ситуацијата.
Извор: МЕТА