Се сумираат штетите од пожарите, нема потреба од прогласување кризна состојба

По опсежна расправа и по разгледување на актуелната состојба со пожарите, едногласно одлучивме дека нема потреба од прогласување кризна состојба, но ќе бидеме во постојано заседание и доколку работата тргне на полошо, набрзина ќе одржиме седница на која ќе побараме да биде прогласена кризна состојба на дел од територијата на државата, онаму каде што е зафатена со пожар, информираше на денешната прес-конференција в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Утрово седница одржа Групата за процена составена од директорите на разузнавачките, контраразузнавачките служби, директорот на Бирото за јавна безбедност, како и директорите и замениците директори на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), појасни Ангелов.

Во врска со пожарот што нанесе огромна штета во Кочани, тој рече дека хеликоптерот не можел да интервенира, оти гаснел во Старо Нагоричане. Тој, според Ангелов, било приоритет, бидејќи пожарот кај Кокино бил голема закана за куќите и жителите од блиските села. Директорот рече и дека проблем било тоа што хеликоптерите не можат да летаат кога температурата е над 37 степени, бидејќи се загреваат и има опасност да се срушат.

Денеска на терен се два армиски хеликоптери, а има најави дека ќе стигнат уште четири од Србија.

Министерката за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска, денеска ги посети припадниците на Армијата кои на Кокино беа ангажирани да се справат со пожарот. Таа упати благодарност до нив, до припадниците на Дирекцијата за заштита и спасување, како и на доброволците.

Шекеринска појасни рече дека со одлуката на Претседателот на државата и врховен командант, Стево Пендаровски, повеќе од 1.000 припадници на Армијата се подготвени да се вклучат каде што е потребно.

„Навистина ми е драго што некои мои колеги во раните утрински часови многу брзо реагираа позитивно и после првични најави за помош од Србија и Бугарија, одговор добивме и од страна на Словенија, а се очекува и од страна на други земји од нашето соседство, што покажува дека како соседи можеме да си помогнеме“, изјави министерката за одбрана.

Инаку, според ЦУК, состојбата со пожарите во земјава до 13 часот е следнава:

Скопски регион
Активен пожар над селото Градманци. На терен е излезена дежурна екипа ТППЕ и од ШС Караџица (4 шумари). Исто така е контактирано и со одговорните лица од општина Петровец. Состојбата се следи.

Струмички регион
Шумскиот пожар кој се појави околу 12:30 часот на ден 01.08.2021 година кај м.в.Погана (опш.Валандово) и кој зафати површина од 200 ха, во текот на вчерашниот ден беше во мирување сè до 17 часот. Но, со појава на северен ветер пожарот повторно се разгоре и имаше движење према с.Казандол и Богданци и зафати површина од околу 100 ха. Денес во утринските часови поради тивкото време пожарот е во мирување, освен мал дел над селата Брајковци и Балинци. Екипите на ТППЕ, Шумско стопанство и ДЗС се на терен и распоредени се покрај наведените села .

Кумановски регион
Во моментот покрај постоечките пожари, во 07:40 часот се има појавено нов пожар во с.Бељаковце, опш.Куманово каде гори сува трева и нискостеблеста мешана шума. Ангажирана е екипа на ТППЕ Куманово со 3 пожарникара и 1 возило.

Во општина Старо Нагоричане во моментот и понатаму е активен пожар во с.Кокино кој се дели со длабок дол со с.Арбанашко-м.в. Рамно општина Старо Нагоричане каде гори висока борова шума, дабова шума, габер, сува трева и нискостеблеста мешана шума.

Во моментот од утринските часови на терен се: ТПП Единица Старо Нагоричане со 6 пожарникара, 5- Вработени полицајци од СВР Ст.Нагоричане, 30 лица војска од АРМ и 6 лица вработени од Ш.Стопанство со едно теренско возило и неколку мештани од општината Старо Нагоричане.

За пожарот во атарот на с,Дренок од општината Старо Нагоричане се исвестени од РЦУК и ТППЕ Куманово, ДЗС ПО Куманово и ЈП Национални шуми ПЕ Куманово.

Охридски регион
Пожарите во околината на с.Делогожда-Струга и с.Девич-М.Брод се локализирани и ставени под контрола, така што во овој момент нема опасност од нив и нема потреба од дополнителни сили и средства за справување со нив.

Битолски регион
Пожар во општина Прилеп атарот на с. Канатларци и с.Подмол. На лице место излезена е екипа од ТППЕ Прилеп од 1 пп возило и 1 теренско возило, како и 7 пожарникари. Зафатено е сува трева, појаси и меѓи. Зафатена е и корија во атарот на с. Подмол.

Во овој момент пожарот во атарот на с. Канатларци и Подмол, е ставен под контрола.

Пожарот на запалена шума во атарот на с.Топлица, кој започна во текот на вчерашниот ден во 13.10ч. сè уште е активен. Екипа од 1 теренско возило и 4 работници, моментално заминуваат на местото на настанот. Дополнителни информации ќе се добијат по пристигнувањето на екипата од лице место.

Штипски регион
Пожарот што избувна на м.в.Бајаз Тепе во текот на вчерашниот ден, е сè уште активен и е проширен. Интервенираат екипа на Ш.С. Равна Река со 2 теренски возила со цистерни и 2 возила за превоз и 17 вработени, екипа на ШС Малешево со 2 теренски возила со цистерни и 10 вработени, ТППЕ Берово со 1 возило и 4 пожарникари и неколку луѓе од месното население. Гори Дабова и Борова шума, нискостеблести растенија, стрништа и пасишта. Екипите работат на локализирање на истиот.

Пожарот кој избувна во текот на вчерашниот ден во атарот на с.Нов Истевник маало Пасјак е сè уште активен и е зафатена површина од околу 30 ха. борова шума и нискостеблести растенија. Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови од 04:00 часот. Во гаснењето на пожарот во моментот се ангажирани 80 припадника на АРСМ, 20 вработени во Шумско стопанство Голак од Делчево, ТППЕ со 8 пожарникари и 1 цистерна и едно теренско возило Лада нива, 1 припадник на Гранична полиција со 1 теренско возило Ланд Ровер. Пожарот ги има зафатено и атарите на општините Берово и Пехчево каде интервенираат работници од нивните Шумски стопанства.

Пoжарот кој се појави на (02.08) во 13:00 часот кај село Бели е целосно изгаснат. Во гасењето на пожарот учествуваа екипи од ТППЕ од Кочани, Штип, Свети Николе, Кавадарци и Скопје. 10 луѓе од ШС Осогово-Кочани и 90 војници и старешини од АРМ и месно население. Пожарот е завршен во 01:30 часот по полноќ.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …