урнат украински авион во грција

Се урна товарен авион со оружје во Грција, починаа осум украинци кои биле членови на екипажот

Товарен авион што пренесуваше 11 тони оружје од Србија до Бангладеш вчера се урна во близина на Кавала, Северна Грција. Според грчките власти за цивилна авијација, авионот се движел на релација Србија – Јордан пред да пристигне во Бангладеш и се урнал на 40 километри западно од аеродромот, пренесува Еуроњуз.

Со авионот управувала украинската карго авиокомпанија „Меридијан“, но според официјалната изјава на министерот за одбрана на Србија, Небојша Стефановиќ истиот нема никаква врска со воената ситуација во Украина.

„Тоа беше авионот Антонов 12 во сопственост на украинската компанија Меридијан. За жал според информациите со кои располагаме животот го загубија сите 8 членови на екипажот“, изјави Стефановиќ.

Информацијата дека осумте члена на екипажот што ги загубија животите се украински државјани ја потврди и официјален Киев.

Како што изјави градоначалникот на Општина Пагајо, Филипос Анастасијадис, по уривањето настанала голема експлозија што траела со часови.

Поради мерки за претпазливост од силната миризба што произлегува од местото на несреќата, на жителите што се најблиску до двата локалитета им е кажано да не излегуваат и да не отвораат прозорци и да носат маски. Утринава, специјалните служби за истражување користеле дронови за пристап до местото каде се наоѓаат урнатините од авионот. Властите стравуваат дека во авионот имало опасни хемикалии, вклучувајќи ги и оние содржани во батериите.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Студентите во Србија се кренаа: Блокирана зградата на Претседателството додека се обраќаше Вучиќ

Студентите во Србија се кренаа: Блокирана зградата на Претседателството додека се обраќаше Вучиќ

„Немаше да ја има оваа крв да беше сè по закон“, „Ќе го решиме и …