На вчерашната попладневна седница на Централниот одбор на СДСМ се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во земјата а беа донесени и неколку одлуки.
Оценка е дека за само 5 месец Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги изневерија граѓаните и ги показија сите изборни ветувања пред и за време на изборната кампања. Власта спроведува погрешни економски политики поради кои животниот стандард на граѓаните опаѓа, цените растат а се намалуваат платите, додека на грбот на граѓаните се товарат нови долгови.
Секојдневно се случуваат бројни скандали и злоупотреби за кои нема одговорност од власта, се спроведува брутална партизација на институциите и целосно истиснување на професионалците.
Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ досега не испорача никаков резултат, ја загрози европската перспектива на земјата и Македонија ја води во голема неизвесност.
Во однос на внатрепартиските постапки во рамки на СДСМ, Централиот одбор донесе одлука дека на 24 ноември ќе се одржи 30-тиот Конгрес на СДСМ на кој што ќе се избре новиот Централен одбор и ќе се разговара за идните политики на партијата.
Согласно одлуката на Централниот одбор, на 30 тиот Конгрес ќе бидат предложени измени на Статутот на СДСМ со воведување на уште еден организациски секретар и со прецизирање на принципите на родова еднаквост за избор на заменик претседател на СДСМ.
Воведувањето на два организациски секретари е поради потребата од засилување и подобрување на оперативната работа на партијата.
Централниот одбор одлучи пред одржување на 30тиот Конгрес да продолжи со работа и 29-тиот Конгрес кој беше прекинат на барање на општинските организации.
Заедничка е оценката дека интензивната работа во изминатиот период води до консолидација на СДСМ, забележано е подобрување на атмосферата во општинските организации и до посетепено враќање на довербата.
СДСМ и во опозиција останува на страната на граѓаните и ќе продолжи да се спротивставува на погрешните политики на власта но и со активностите кои значат грижа за стандардот на граѓаните, преку законски решенија во Собранието.