Седницата за гласање на доверба на Владата e закажана за во четврток

Седницата за гласање на доверба на Владата e закажана за во четврток

На 11 ноември (четврток) ќе се одржи собраниската седница за гласање на доверба на Владата, соопштија денеска од кабинетот на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија. Барањето за гласање за доверба на Владата на Република Северна Македонија е доставено и истото е архивирана од надлежните служби.

„Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, согласно член 215 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, ќе ја свика седницата за поставеното барање за гласање за доверба на Влада, а истата ќе се одржи на третиот ден од денот на поставување на прашањето за доверба на Владата, односно во четврток (11.11.2021), во 11.00 часот, Според член 215 став 3 од Деловникот на Собранието, рокот за свикување на седница почнува да тече наредниот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба на Владата“, велат од Собранието.

Седницата следува откако 61 пратеник се потпишаа на иницијативата за гласање на доверба на Владата. Оваа иницијатива денеска беше доставена до Собранието на РСМ од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а потписници на иницијативата се пратеници од опозициската коалиција „Обнова на Македонија“, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, политичката партија Беса, и политичката партија Левица.

Според Деловникот на Собранието на РСМ, пратениците ќе треба да гласаат за доверба на Владата до четврток вечер, односно по истекот на третиот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба. Ако се изгласа недоверба на владата, тогаш премиерот доставува оставка во рок од 24 часа од изгласувањето на недовербата. Во овој случај, актуелната влада на премиерот Зоран Заев би останала на должност до изборот на нова влада.

Доколку пак не успее интерпелацијата во Собранието, повторно прашање за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена од последното гласање на доверба.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Министрите од ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Иран

Министрите од ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Иран

На состанокот во Луксембург денеска (22 април) министрите за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ …