„СЕКЕ“: Обвинувањата за поврзаност на нашата компанија со Савидис, се неточни и злонамерни

„СЕКЕ“: Обвинувањата за поврзаност на нашата компанија со Савидис, се неточни и злонамерни

„Како претставници на компанијата „СЕКЕ“ ДООЕЛ Прилеп, приморани сме уште еднаш категорично да ги демантираме сите обвинувања за било каква поврзаност на нашата компанија со рускиот бизнисмен Иван Савидис, како и наводите за поврзаност на компанијата со Владата на Република Македонија, со премиерот Зоран Заев, или со било која политичка партија во Македонија. Наводите во текстот објавен од страна на порталот „Економски лидер“ на 3. Ноември под наслов „ЕКСКЛУЗИВНО: Заев вмрежен со рускиот бизнисмен кој финансира про-руски партии и протести“, дека рускиот бизнисмен Иван Савидис е сопственик на компанијата „СЕКЕ“ АД Грција и на правното лице „СЕКЕ“ ДООЕЛ Прилеп, се апсолутно неточни. Истите невистини се повторуваат и во текстот под наслов: „Власта под руско влијание: Царина ја стопирала истрагата за комбинатот на русинот Савидис!“; објавен на истиот портал и покрај нашиот демант.

Овој наш категоричен демант на наводите на двата текста е дополнително поттикнат од преземањето и дополнителното ширење на невистините од страна на одредени политички партии. Уште еднаш ги презентираме фактите: Компанијата „СЕКЕ“ АД Грција, чиј полн назив е КОРПОРАТИВНО ЗДРУЖЕНИЕ НА ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ГРЦИЈА СЕКЕ АЕ, е основана во 1947 и до денес ја нема променето својата сопственичка структура. Категорично нагласуваме дека во сопственичката структура на „СЕКЕ“ АД Грција, никогаш не фигурирала личност со име Савидис. Сите наводи во објавените текстови на порталот „Економски лидер“ за некаква “вмреженост“ на компанијата со Владата на РМ и нејзини претставници се апсолутно неточни и исто така, категорично ги демантираме.

Упатуваме силен апел до политичките партии да не наседнуваат на лажните информации и невистини за нашата компанија и да не учествуваат штети во работењето на компанијата, која како странска инвестиција со чисто портфолио, учествува со свој придонес во економскиот раст на земјата, во креирањето нови работни места, како и во поддршка на тутунопроизводителите“, се вели во демантот испратен од страна на компанијата „СЕКЕ“ Прилеп.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …