Селимова-Желчески: Прилепчани отсекогаш биле еснаф луѓе

Селимова-Желчески: Прилепчани отсекогаш биле еснаф луѓе

Интервју со Кевсер Селимова и Ѓорѓи Желчески, добитници на наградата за животно дело „Златна плакета“, која се доделува по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп.

Разговараше: Зоран Милошески

Ѓорѓи Желчески: Првата асоцијација за Прилеп ми се младоста и луѓето. Прилепчани се еснаф луѓе. Во Прилеп никогаш човек нема да остане гладен или неспан. Луѓето се такви, гостопримливи.

Во тоа време, ако сакаш да успееш, мораше да бидеш каде што е “гумното“. Во 1962 година, со солистички концерти, за 12 дена ја обиколив Македонија. Повеќе немаше што. Тогаш ме викнаа во Белград. И заминав.

Имаме снимено околу 350 песни: 14 сингл плочи, 10 лонг плеј плочи, 20 цедиња..

Тоше беше последниот „амбасадор“ на македонската музика кого цела поранешна Југославија, цела Европа го сакаше. Сега, останавме уште ние.

Кевсер Селимова: Пријатно сум изненадена од наградата и среќна сум заради тоа. Многу би сакала да се вратат некои работи, ама тоа ќе ми остане само желба. Нема ништо од тоа. Но, пријатно ми е овде. Вечер ќе шетаме, ќе седнеме на кафе и обавезно некого ќе сретнеш со кого ќе направиш муабет. Ќе праша како сме, каде одиме… Супер ми е во Прилеп.

Публиката знае што ние пееме. Некогаш кога сакаме нешто да смениме, ќе ни речат “ние знаеме што вие пеете и сакаме тоа да ни го пеете“.

Прочитајте повеќе

Осум пациенти треба да се вратат од странство неделава, четири се во критична состојба

Осум пациенти треба да се вратат од странство неделава, четири се во критична состојба

Четири од пациентите од пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство се во критична …