СЕММ и ЗНМ апелираат за професионално и одговорно известување за Парадата на гордоста

СЕММ и ЗНМ апелираат за професионално и одговорно известување за Парадата на гордоста

Во пресрет на Парадата на гордоста, што ќе се одржи на 29 јуни во Скопје, Советот за етика во медиумите (СЕММ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги повикуваат медиумите да известуваат професионално и одговорно, третирајќи ги темите што ја засегаат ЛГБТ заедницата низ призма на афирмација на човековите права и осудувајќи го говорот на омраза и дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

„Особено апелираме до медиумите да не дозволат да бидат злоупотребени и да послужат како средство за упатување повици за обединување на поединци и групи за радикално однесување и постапки кои го загрозуваат јавниот ред и мир во општеството“, се вели во соопштението од СЕММ и ЗНМ.

Оттаму потсетуваат на Препораката на Советот на Европа од 2010 за борба со дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација или родов идентитет, според која земјите – членки треба да преземат соодветни мерки за борба против сите феномени на изразување, вклучително и во медиумите и на Интернет, за кои што со право се смета дека ќе имаат ефект на поттикнување, ширење или промовирање на омраза и други форми на дискриминација на ЛГБТ лицата. Таквиот говор на омраза, велат од СЕММ и ЗНМ, треба да биде забранет и јавно отфрлен секогаш кога ќе се случи.

Во исто време, ги потсетуваат медиумите на Декларацијата за етичко и професионално известување за теми поврзани со ЛГБТИ на Коалицијата Маргини, Советот за етика во медиумите, Здружението на новинари на Македонија и Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиуми.

Принципите на овој кодекс, потсетуваат се дека е потребно нестереотипизирачко известување за ЛГБТИ, воздржување од и осуда на говорот на омраза врз основа на сексуална ориентација, родов идентитет или која било припадност на историски и општествено маргинализирана група, известување за жртвите на насилство и дискриминација обоено со емпатија и солидарност, како и непарцијално известување за активностите на ЛГБТИ заедницата и активистите за човекови права во рамки на целокупната општествена, политичка и културна сфера, почитувајќи ги нивниот личен интегритет, мислење и активности.

Од СЕММ и ЗНМ очекуваат медиумите да ги отстрануваат коментарите од посетителите на нивните веб-страници и на социјалните мрежи кои содржат повици за насилство, навреди и говор на омраза за сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, утринава се пријавил кај македонските власти по што …