Ракета Дронови

Северна Кореја почна да произведува дронови со техничка помош од Русија

Според неименувани извори, иницијативата за производство на беспилотни летала најверојатно претставува остварување на стратешка соработка што беше договорена на средбата помеѓу рускиот претседател Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун

Северна Кореја од вчера почна производство на дронови со техничка помош од Русија, јави Јапонскиот јавен сервис (НХК) повикувајќи се на неименувани извори.

„Договорот овозможува Северна Кореја да развие и масовно производство на неколку видови дронови во координација со Русија“, јави НХК.

Според неименувани извори, иницијативата за производство на беспилотни летала најверојатно претставува остварување на стратешка соработка што беше договорена на средбата помеѓу рускиот претседател Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Стратешкиот договор помеѓу Русија и Северна Кореја опфаќа трговија, инвестиции, политичка и безбедносна соработка.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Претседателот Доналд Џеј Трамп зборува на церемонијата на 75-годишнината на Денот Д на Американските гробишта и Меморијал во Нормандија во Колевил-сур-Мер, Франција, 6 јуни 2019 година. | Фото: U.S. Army USArmyEURAF by Sgt. Henry Villarama, јавен домејн, Викимедија комонс

Трамп предлага американска сопственост над украинските електрани

Зеленски рече дека темата за електраните била покрената, но дека го споменале само објектот во …