Шахпаска: Ја намалуваме старосната граница за пензионирање на рударите

Изјава за медиуми на Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата:

Почитувани граѓани,

Ја намалуваме старосната граница за пензионирање на рударите.

Обезбедуваме услови за квалитетен живот за граѓаните и фер општество за сите.

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кои обезбедуваме бенефициран стаж на рударите.

Со овие измени рударите ќе можат да заминат во старосна пензија со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени.

Тоа значи дека ако сега рударите се пензионираат со навршени 58 години, со новите измени, ќе се пензионира на околу 50 години.

Им овозможуваме на осигурениците кои работат на работни места на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење да им се намалува возраста за пензионирање пропорционално на времето поминато на работа со бенефициран стаж.

Со овие законски измени се реализира уште едно ветување од Програмата на Владата на СДСМ, но исто така се исправа една голема неправда и се излегува вo пресрет на долгогодишните барања на рударите.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ продолжува да работи на спроведување на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, задоволни работници, фер општество и повисок животен стандард за сите граѓани.

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …